Ѓоковиќ има нов тренер на турнирот во Монте Карло
Енди Мареј нема да биде тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на АТП, братот на Новак, Марко Ѓоковиќ ќе биде во неговата ложа за време на турнирот.
Марко и самиот беше тенисер, а најдобар пласман му беше 571. место на АТП листата.
Мареј беше тренер на Ѓоковиќ на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а се очекува lШкотланѓанецот да се врати во споменатата ложа на Мастерсот во Мадрид. Ѓоковиќ во интервјуто за Спорт Клуб откри кој ќе биде во улога на тренер.
– Енди нема да дојде неделава, брат ми Марко е тука во улога на тренер. Ќе се видам со Енди подоцна во Мадрид. Размислував кој може да го замени, Марко беше во можност и тоа ќе ми помогне на поинакво емотивно ниво. Ќе поминам малку време со брат ми на пат – изјави Ѓоковиќ.
Финале на тврда подлога во Мајами, па навикнување на земјена подлога:
– Драго ми е што успеав да го вратам уживањето на теренот и нивото на игра, да видиме дали тоа ќе го пренесам на земјена подлога. Тоа е друга подлога, нема да имам многу време да се навикнам на турнирот и затоа моите очекувања овде не се големи – се зборовите на Ѓоковиќ.