МакедонијаНајново

Сите 173 пациенти се во стабилна состојба, возачот на Брзата помош ќе биде одликуван 

Сите 173 пациенти од пожарот во Кочани, коишто се лекуваат во државата и во странство се во стабилна и добра состојба- соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

-Сите пациенти кои што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денеска констатираме дека се десет потешки пациенти. Тоа што повторно и тие се стабилни надвор од животна опасност, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Во државава се лекуваат 72 пациенти. Надвор се 101 пациент. Вчера биле испратени помал број пациенти на лекување во странство. Денеска има понуди од повеќе држави, но министерот вели можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не. Испишани биле тројца пациенти. На сите пред да си заминат дома ќе им се направат токсиколошки анализи.

-Три пациенти беа испишани вчера, утре повторно се планира уште три пациенти. Од идната недела се надевам дека ќе ве известуваме за колку пациенти си одат дома, си продолжуваат дома во лекување. И исто така ќе ве известуваме од идната недела некои од пациентите кои што полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Од пациентите кои се лекуваат во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Во приватните клиники, се згрижени вкупно 11 пациенти.

Таравари најави дека постхумно ќе го одликува возачот на кочанската Итна медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по напорниот ден во неделата превезувајќи ги повредените од пожарот во кабарето Пулс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons