Црвен крст: Речиси 21 милион денари собрани за настраданите во пожарот во Кочани
Досега се собрани речиси 21 милион денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани, соопшти Црвен крст.
Оттаму упатија голема благодарност до сите кои донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население.
– И понатаму продолжуваме со сите механизми за прибирање хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите – се вели во соопштението.
Сите граѓани кои сакаат да донираат тоа можат да го направат преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228