Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува сите натпревари
Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории.
Одложени се и заостанатите натпревари кои требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.
Владата на Р.С. Македонија на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.
Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите мечеви ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.