Свет

Марк Керни положи заклетва- Канада го доби 24. Премиер- заврши ерата на Џастин Трудо

Марк Карни денеска положи заклетва како нов премиер на Канада. Тој ќе го замени Џастин Трудо, кој е на власт во оваа земја речиси една деценија.

Церемонијата на положување заклетва се одржа во Отава, главниот град на Канада, објави Ал Џезира. Карни е 24-тиот премиер на Канада.

Со него положи заклетва и неговиот кабинет.

Поранешниот гувернер на централната банка победи во трката за лидерство на канадската владејачка Либерална партија. Карни ја презема функцијата во турбулентно време за Канада, која е среде трговска војна со Соединетите држави под претседателот Доналд Трамп и наскоро треба да одржи општи избори.

Марк Карни (59) освои 86 отсто од гласовите, победувајќи ја поранешната министерка за финансии Кристиа Фриланд во партиски натпревар во кој гласаа нешто помалку од 152.000 членови.

Карни, кој никогаш претходно не бил избран на политичка функција, тврдеше дека тој е најдобриот кандидат да ја ревитализира партијата и да преговара со Трамп, кој се заканува со дополнителни царини кои би можеле да ја загрозат канадската економија, зависна од извозот.

Роден во Форт Смит, во северозападните територии на Канада, Карни пораснал во Едмонтон, Алберта, во семејство на учители. Според неговата веб-страница на кампањата, тој играл хокеј на мраз како голман во младоста, што станало дел од неговата политичка симболика.

Неговото образование го одвело во Америка, каде што ги завршил студиите по економија на Харвард, а потоа магистрирал и докторирал економија на Оксфорд.

Неговата деловна кариера била подеднакво меѓународна – тој работел 13 години во Голдман Сакс, во канцеларии во Лондон, Токио, Њујорк и Торонто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons