Министерот Тошковски вечерва најави: Полицијата трајно ќе одзема возила при овие прекршоци
Најбрзо што може ќе го ставиме во функција системот „безбеден град“ за да имаме 2-3 месеци како тест период, кој што дел од тој тест период ќе го употребиме да ги информираме граѓаните дека во официјална фаза кога ќе стапи законот во сила а тоа е 01.01.2026 година да се уверат дека навистина дека тоа што го сториле е прекршок.
Целата постапка ќе биде спроведена во еден разумен временски период, а не за сторен прекршок во 2020 година казни да се процесуираат 2025 година и при тоа да не се сеќавате дали сте сториле кривично дело или не. На пример, поминувате на црвено денеска, во рок од 48 часа замислата е да се вршат проверки во системот дали со дејствието кое што сте го сториле и ситемот ве евидентирал, сте сториле кривично дело или не. Ако сторите крицично дело прекршочната постапка не се спроведува.
Сега има законско преклопување, но ние јасно ќе разграничиме и за оние најдраконските дејствија и возат енормно брзо или упрааат возило со екстремно присуство на алкохол или под дејство на дрога и кои што управуваат возило без возачка дозвола -ним трајно ќе им се одзема возилото. И ќе се додели на министерството за здравсвто, одбрана или за внатрешни па можеби ќе оди на лицитација. Таквите ќе одговараат и кривично, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Само Интервју.