Пролетта „тропа“ на врата – во Гевгелија утрово измерени 7 степени
Гевгелија утрово беше најтоплиот град со измерени седум степени. Освен Крива Паланка, Берово и Тетово, на останатите места низ Македонија беа температурите во плус.
Единствено снег има само на Попова Шапка, 28 сантиметри.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.