МакедонијаНајново

„Волво“ удри во семафор, па во пешак синоќа на „Гологанов“, возачот избегал 

Полицијата со детали за сообраќајната несреќа што се случи доцна синоќа, половина час пред полноќ. 

– На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата. 

Увид на местото избвршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons