Спорт

Изабела и Филип Зајков освоија златни медали на натпреварот во бразилско џиу-џицу во Рим 

Најмладите борци од Клубот за боречки вештини Будо донесоа два златни медали од светскиот Гранд слем, натпревар во Бразилско џиу-џицу, кое се одржа во Рим, Италија.

Изабела Зајков освои прво место во категоријата девојки жолт појас -63 килограм, каде после две победи се закити со златен медал.

Филип Зајков освои прво место во категоријата деца бели појаси -30 килограми, каде со две победи успеа да го освои златниот медал.

Дарко Димитриев имаше најголем предизвик во категоријата сениори сини појаси -69 килограми, но за жал не успеа да покаже се што знае и мораше да се задоволи само со учество на ваков светски натпревар, известуваат од клубот.

Во изминатиот период во февруари Клубот за боречки вештини Будо на државното првенство во кикбокс освои 15 медали од кои осум златни, три сребрени и четири бронзени.

А пред државното првенство клубот настапи на меѓународното првенство во бразилско џиу-џицу во Братислава, Словачка, каде што се закити со шест медали од кои два златни, три сребрени и еден бронзен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons