На депонија во село во општина Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
МВР соопшти дека вчера на депонија во селото Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.
Случајот бил пријавен во 10.40 часот во СВР Битола, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека е со калибар 75 мм.
Извршил бил и увид на местото каде што е пронајдена гранатата.