Актуелно

НЕПРАВИЛНО ПАРКИРААТ, НЕ НОСАТ ПОЈАС, ЗБОРУВААТ НА МОБИЛЕН ДОДЕКА ВОЗАТ: МВР веќе не попушта, еве го вчерашен „улов“

МВР известува дека продолжуваат со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот, за кои, како што велат, речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи.

А, од Министерството за внатрешни работи соопштуваат и дека продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата.

„Вчера, во рамки на активностите на полициските службеници, за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Од друга страна, пак, по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons