ЛАДЕН БРАН СО ДОЖД И СНЕГ ВО ПОНЕДЕЛНИК (17 ФЕВРУАРИ) ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Снежната покривка ќе се прошири!
Од ноќта кон понеделкник, како и во понеделник (17 февруари) влажен и ладен бран од север ќе ја зафати територијата на нашата Република Македонија кој ќе услови повремени врнежи, кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд и особено во северозападните и во северните предели повремено ќе преминуваат во врнежи од снег. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег, каде снежната покривка ќе се прошири и зголеми.
Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината со овој бран ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе врне снег, а повремено врнежи од дожд и снег, или влажен снег ќе има и во повисоките делови од котлината, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во понеделник (17 февруари) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека во текот на денот тие ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имаме викендов, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.
Во Скопје во понеделник (17 февруари) температурата ќе се искачи до околу 5 степени.