Свет

Шолц најави можно повлекување од политиката

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека планира да се повлече од политиката откако ќе ја напушти оваа функција.

„Мојот план А е да бидам повторно избран за канцелар“, кажа Шолц во подкастот Јунг унд наив.

„Но, од моја перспектива, тоа не значи дека мора да следи нешто друго“, објасни тој.

Потоа, како што додаде, сака повторно да стане „обичен граѓанин“.

Вонредните парламентарни избори во Германија се закажани за 23 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons