Актуелно

Извршена е трансплантација кај 28 годишен пациент на преден вкрстен лигамент добиен од починат донор 

Министерството за здравство информираше дека е извршена трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено.

Од министерството посочуваат дека за реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор.

„Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија. Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани“, се вели во соопштението на министерството за здравство

Националниот координатор за трансплатација д-р Билјана Кузмановска изрази голема благодарност до семејствата на донорите и до медицинскиот тим.

„Изразувам огромна благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата на донорите без чија хуманост и човекољубие не се возможни трансплантациите“, кажа доктор Кузмановска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons