Спорт

Фудбалерите на Болоња го изненадија Михајловиќ, му пееја под прозор (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња му приредија изненадување на нивниот тренер Синиша Михајловиќ кој е во болница, по вчерашната победа над Интер, тие денеска го посетија и му пееја под прозор.

Синиша Михајловиќ е во болница на нов хематолошки третман поради леукемијата. Неговите фудбалери решија да му приредат изненадување и го посетија во болницата. Тие му пееја под прозорот, а тој со насмевка ги поздрави и им рече: „Минатиот пат дојдовте тука да се искупите, но денеска доаѓате заслужено. Ме подмладивте десет години, ви благодарам, ве сакам. Откако сум тука не загубивте, ќе видиме дали порано или подоцна ќе загубите па ќе можам да излезам. Но ако продолжите така со задоволство ќе седам тука“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons