Магазин

Порака на денот: Никому не должите објаснување за тоа како го живеете својот живот 

Живејте го својот живот по своите правила.

Тоа не значи дека треба да бидете лоша личност, туку само значи дека што и да направите, не сте должни да се објаснувате за тоа, особено пред оние луѓе кои секогаш ќе најдат некаква грешка во вашите постапки.

Не заборавајте дека додека напредувате на својот животен пат, некои луѓе ќе бидат изненадени. Никогаш нема да биде идеално време за другите, па затоа е важно да ги правите работите кога е добро за вас.

Ова се неколку работи за кои не им должите никакви објаснувања на другите луѓе.

Не сте должни да ги објаснувате своите соништа

Што и да сакате да постигнете само ваше. Вие сте одговорни да го пронајдете својот пат и својата цел. Ако некој сака да ви помогне во тоа, во ред е. Ако не сака да ви помогне, исто така  е во ред. Но, никој нема право да ви кажува дека вашите соништа немаат смисла и дека нема да успеете. 

Никој нема право да го валка вашиот ментален и физички простор

Вашиот простор е ваш, а другите луѓе се должни да го почитуваат. Не дозволувајте токсичната енергија на другите луѓе да влијае на вашата енергија. Бидете стабилни и организирани во животот, или какви и да одлучите да бидете, но тоа нека биде само ваше. Енергијата е скапоцено нешто, чувајте ја како најскапоцен дар и не дозволувајте другите да го загадуваат вашиот простор.

Никому не морате да се објаснувате зошто вложувате во себе

Луѓето кои не прават ништо за себе, често ќе ве прашаат зошто го правите тоа што го правите. Зошто читате книги, зошто се запишувате на курсеви, зошто напредокот ви е приоритет? Не сте должни да им давате одговори. Вашите одлуки се само ваши, а нивните коментари очигледно само обид да ве оддалечат од вашите цели.

Никому не должите ДА, кога сакате да кажете НЕ

Грижата на совест е честа на нашето поднебје, па така, многу често велиме „да” на некои работи на кои треба да им кажеме „не”. Ако нешто не ви се допаѓа или сметате дека нема да ви помогне да се чувствувате добро, дозволете си да кажете дека е тоа така. Ако некој се лути поради вашиот избор и вашите одлуки, тоа не е ваш проблем. 

Никому не должите објаснување за работите кои ви се вам важни

Луѓето често им даваат злобни коментари на луѓето кои имаат свои хобија на кои се посветени и инвестирани. Но, тоа е ваш избор и нешто што вие сте го одбрале и свесни сте дека ве прави среќни. Зошто би се објаснувале за нешто толку едноставно? 

Морате да го живеете животот на свој начин и да знаете дека луѓето кои коментираат и очекуваат објаснувања се често луѓе кои не го гледаат својот живот, туку им се важни туѓите животи. Ако имате таква личност околу себе, имајте на ум дека не и должите ништо. Единствената личност на која и должите нешто сте вие самите.



Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons