МакедонијаНајново

Во две засебни сообраќајки двјца тешко повредени патници 

Во две засебни сообраќајки двјца тешко повредени патници што се случиле вчера во Битола и во Тетово тешко се повредени мотоциклист и пешак.

Вчера попладне во СВР Битола било пријавено дека на  улица Билбил камен се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл хамачи без регистарски таблички, управуван од 17 – годишник од село Братиндол, битолско и патничко возило форд со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.

„Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола“, информира МВР.

Во СВР Тетово пак било пријавено дека во село Ново село, општина Желино, патничко возило фолксваген голф со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.А. удрило во малолетен пешак.

„Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово“, се наведува во билтенот на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons