Македонија

ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ И ДЕТСКА ЗАШТИТА: Парите стигнуваат на сметка, ова се деталите 

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година.

„Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Февруари 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 

05.02.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

06.02.2025– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш“, се вели во соопштениетпо од Министерството за труд и социјала.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons