После бојкотот граѓаните испазариле за 11,2 отсто повеќе во однос на претходната сабота
Прометот во саботата кај осумте најголеми ланци на маркети е зголемен за 11.2 отсто регистира Управата за јавни приходи. Ова следува откако еден ден претходно, одновно во петокот граѓаните ги бојкотираа маркетите при што е забележан пад на прометот од 47 проценти.
Во јавноста се појавија информации дека во саботата има наплив на граѓани во маркетите но сепак бројките покажуваат дека споредбено со претходната сабота од 25.01.2025 тој промет е зголемен за 11 отсто , или за еден ден после бојкотот се испазариле производи во вредност од 4,57 милиони евра, а една недела претходно за 4,1 милион евра.
Како што соопшти УЈП на еден ден после бојкотот, во нивниот систем е регистиран вкупен промет во износ од 114.293.367 (1,85 милиони евра) денари и во тој ден издадени се 247.822 фискални сметки.