МакедонијаНајново

Меѓународниот Аеродром Скопје станува тивок аеродром – еве што значи тоа! 

Од Меѓународниот Аеродром Скопје информираат дека од понеделник (03.02.2025 година) стануваат тивок аеродром.

Тоа значи дека од понеделник, 3.2.2025 година, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (бординг) кај Излезите.

„Затоа, ги замолуваме и апелираме до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за качување во авион и сите известувања што ги добиваат за нивниот лет од авиокомпанијата со која патуваат. Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот“, велат од таму

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons