Спорт

Вардар со 12 нови фудбалери во пролетниот дел од сезоната 

Од фудбалскиот клуб Вардар е потврдено дека со активностите направени во изминатиот периоди се завршува со актуелниот зимски преоден рок.

Вкупно 12 нови фудбалери ангажираа скопските „црвено-црни“ пред настапот во вториот дел од натпреварувачката сезона.

Нови фудбалери на Вардар се: 

Давор Талески – Македонија
Мичал Пинтер – Словачка
Георгије Јанкулов – Македонија
Михаил Маневски – Македонија
Едиз Спахиу – Македонија
Мите Цикарски – Македонија
Димитар Тодоровски – Македонија
Михаил Талевски – Македонија
Мислав Матиќ – Хрватска
Фаустин Сенгхор – Сенегал
Мато Кассим Рогерс – Уганда
Мануел Куестас – Аргентина

Вардар моментно е на 18 место во генералниот пласман во ПМФЛ со 13 бодови и целта сезонава ќе биде опстанок во елитата.

Во зимските подготовки Вардар одигра три контролни средби, загуби од украинскиот Верес-Ривне (1:2) и Септември Софија од Бугарија (0:1), а ремизираше со Иберија 1999 од Грузија (0:0).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons