Магазин

(ФОТО) Мистериозен голф паркиран на аеродром една година, „заработи“ 200.000 евра казни 

Постојат сомнежи дека автомобилот можеби е украден и оставен таму.

Напуштен сив “Volkswagen Golf” со хановерски регистерски таблички седи на паркингот на аеродромот Берлин-Бранденбург повеќе од една година.

Имено, автомобилот е паркиран во зона за краткотрајно паркирање каде првите десет минути паркирање се бесплатни, а потоа се наплаќаат 5 евра за секои дополнителни 15 минути.

Овој мистериозен автомобил собрал казни за паркирање од околу 200.000 евра, а и покрај напорите на надлежните, сопственикот на возилото сè уште не е пронајден. Сепак, постојат сомнежи дека автомобилот можеби е украден и оставен таму.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons