Што предвидела баба Ванѓа за 2025-та (и дали се исполнија пророштвата за 2024)?
Некои пророштва за годинава, како природните катастрофи, можеби се исполнија, но не беа нешто неочекувано. А, оние „поамбициозните“, како војна со биолошко оружје, за среќа, не станаа реалност.
Позната и како „Нострадамус од Балканот“, баба Ванѓа дефинитивно е најпознатиот јасновидец од овие краишта.
Со неа се консултирале познати личности, но дури и политичари и светски лидери.
Се претпоставува дека Баба Ванѓа нема запишано ниту едно пророштво, па за она што се вели дека го предвидела е всушност запишано или раскажано од други луѓе.
Па, дури и да верувате во нејзината моќ, ова е јасен знак дека не треба секое нејзино пророштво да се сфаќа сериозно.
Некогаш и работите што ги кажувала биле двосмислени, па секој имал слобода да ги толкува како што сака.
Но, и покрај ова, во нашите краишта секогаш има интерес за пророштвата на баба Ванѓа.
Дали се исполнија пророштвата за 2024-та?
За годинава, баба Ванѓа предвидела успешен обид за атентат на Владимир Путин, но ова не се случи.
Но, од друга страна, имаше обид за атентат врз новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Економската криза што ја предвиде веројатно беше очекувана и без нејзиното пророштво, додека предвидувањето за зачестени терористички напади низ Европа не е најточно.
Иако, војната помеѓу Украина и Русија продолжува да се води.
Предвидувањата за природните катастрофи се исполнија, но и ова е нешто што се очекуваше поради климатските промени.
Хакерските напади, пак, се зачестени како што предвидела баба Ванѓа, и тоа за повеќе од 20%.
За жал, годинава не најдовме лек за рак како што наводно предвидела баба Ванѓа, но факт е дека има напредок во медицината.
Генерално, предвидувањата за новата година се исти со претходната.
А, бидејќи голем дел не се исполнија или не се нешто неочекувано, не треба да дозволите да ве вознемируваат.
Баба Ванѓа предвидела голем конфликт во Европа и можност за употреба на нуклеарно оружје.
Овој конфликт би имал катастрофални последици за човештвото, а заедно со другите конфликти би бил и причина за глад.
Наводно, таа рекла дека „Русија, односно Путин ќе биде победник во оваа војна“, но сепак ова пророштво е контрадикторно на предвидувањето за годинава дека рускиот претседател ќе загине во атентат.
Кога станува збор за недостатокот од храна, нејзините следбеници повеќе веруваат дека се однесува на Африка и Блискиот Исток, каде што веќе постои овој проблем, а не на глобално ниво.
И за 2025 година баба Ванѓа предвидела големи природни катастрофи, но како што спомнавме претходно, ова е проблем со кој знаеме дека ќе се соочиме поради климатските промени.
Баба Ванѓа предвидела дека ќе има зголемени политички тензии, но и зголемен број на хакерски напади и поголема можност за вооружени конфликти кои ќе бидат локализирани.
Сепак, се чини баба Ванѓа имала и добри предвидувања за 2025 година.
Веќе се очекува да има значителен напредок во истражувања за вештачката интелигенција кои би биле во корист на луѓето, а наводно и баба Ванѓа го предвидела ова.
Таа предвидела и дека ќе има голем напредок во медицината, а спомнала и медицинско откритие кои значително ќе го подобри квалитетот на животот и животниот век на милиони луѓе ширум светот.
Предвидела и значителен напредок во вселенските истражувања, а ова е сосема возможно, особено кога ќе се земе предвид дека НАСА напорно работи на тоа да го врати човекот на Месечината.
И покрај предвидувањата за светска апокалипса, наводно баба Ванѓа рекла дека до крајот на годината ќе се врати оптимизмот кај луѓето.
Уште еднаш да нагласиме дека пророштвата на баба Ванѓа не се запишани и се пренесувани и толкувани од други луѓе и не мора да ве загрижуваат, дури и кога се мрачни.
Сепак, за секоја година имаме сè помрачни предвидувања од јасновидци како баба Ванѓа и Нострадамус, но, за среќа, крајот на светот уште не дошол.