МакедонијаНајново

Вонредно поскапување на дизелот: Од полноќ возиме најскап дизел во последните месеци 

Дизелот од полноќ поскапува за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика во т.н. вонредна корекција на цените. 

Иако тоа не е правило, сепак, Регулаторна цените на горивата обично ги менува секој понедленик но кога на пазарот ќе се јави потреба, од пред некоја година ја доби можноста измените да ги прави во било кој ден кога за тоа ќе се создадат услови. 

Па така од полноќ дизелот поскапува за 2 денари по литар и сега неговата цена ќе биде 75,5 денари по литар. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons