И годинава новогодишна елка на Амфора во водите на Охридското Езеро
И годинава нуркачите од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид со поддршка на волонтерите на Црвен крст во Музејот на вода ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2025 година.
Нуркачите од Амфора елката им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода, елката ќе можат да ја видат од денес до крајот на јануари, велат од Амфора од Охрид.