Магазин

Совет до сите млади луѓе: Престанете да прифаќате помалку отколку што заслужувате 

Престанате да правите компромиси. Не прифаќајте помалку од тоа што го заслужувате бидејќи сте исплашени дека можеби ќе останете сами. Не прифаќајте љубов на која никогаш не би помислиле, мислејќи дека никогаш нема да го добиете тоа што го сакате.

Употребете ги своите минати искуства за да сфатите што сакате или не сакате. Научете што ви пречи и кога треба да си заминете. Ако си ветивте себеси дека никогаш нема да бидете со личност која не го почитува вашето време, немојте да бидете со неа. Ако сакате деца, а вашиот партнер не сака, заминете си. Тоа не значи дека тие се лоши личности, туку дека не се вистинската личност за вас.

Немојте да правите компромиси, бидејќи на крајот, токму она што го прифативте, ќе биде тоа што ќе ја заврши врската.

Не прифаќајте љубов која не ви одговара, само затоа што се чувствувате осамени. Ако некој не се однесува кон вас како што заслужувате, не останувајте со нив затоа што мислите дека тоа е подобро отколку да бидете сами.

Понекогаш остануваме со погрешна личност бидејќи сме премногу мрзеливи да ја побараме вистинската. Запознавањето на луѓето бара време, а откривањето дали се тие вистинската личност, бара многу енергија. Не е лесно, но вреди. Но, времето кое го минувате со личност за која знаете дека е погрешна, можете да го искористите посветувајќи го на подобра личност, или пак на својот личен развој.

Не заборавајте дека заслужувате љубов исполнета со страст и обожавање. Љубов кога нема да можете да дочекате да ги видите и кога тие ви недостасуваат секогаш кога не сте заедно. Тоа не е љубов која ви носи бессони ноќи и ве тера да се запрашувате дали вредите. Заслужувате љубов која ви носи пеперутки и ве тера да бидете возбудени кога ќе станете наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons