ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА: Единаесет деца се повредени во Скопје поради „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’
Единаесет деца се повредени во Скопје поради „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’’.
Најмладиот има само 10 години. Билансот е во последните 4 дена.
Состојбата кај сите нив е стабилна и се пуштени на домашно лекување, вели за Телма, директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
„Од 2 до 5 декември, денеска до 13 часот, има 11 по тој механизам на повреда, 10 години е најмладиот, а највозрасниот 16. Сите се пуштени на домашно лекување, веднаш по дијагностиката и имобилизација во два случаја, каде што се работело за скршеници“, изјави за ТВ Телма директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Климент Охридски“, доктор Небојша Настов.
Предизвикот „Супермен“ е кога повеќе лица креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен. Но, играта станува сериозна кога лицето треба да застане на нозе. Се случува тоа да е неуспешно и „Суперменот“ паѓа на земја со огромна шанса за сериозни повреди.