Свет

Повторно е прекинат интернет-кабелот меѓу Финска и Шведска 

Кабелот со оптички влакна меѓу Шведска и Финска повторно е пресечен, објави радиото Швергес.

„Засегнатата компанија која ги врши услугите „Глобел конект“ соопшти дека 6.000 приватни корисници и околу 100 деловни корисници се погодени од криминалот“ – се наведува во соопштението за медиумите, во кое се додава дека „дошло до прекин на кабелот на интернет-линијата меѓу Шведска и Финска“.

Прекинот на кабелот бил откриен ноќе и најверојатно се случил на копно во Финска, објаснува медиумот. Полицијата се сомнева дека „оштетувањето на кабелот е резултат на криминални дејствија“.

За потсетување, на 18 ноември, финската оперативна компанија „Циниа оу“ пријави оштетување на подводниот телекомуникациски кабел Ц-Лион1 помеѓу Финска и Германија, а финската централна криминалистичка полиција отвори истрага. Шведското обвинителство овој факт го оквалификува како саботажа, а двата кабли беа брзо поправени.

Во меѓувреме имаше многу такви кои во сето ова видоа хибридна војна и го вперија прстот кон Русија. Сепак, до денес не се објавени никакви конкретни докази за тоа, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и ги нарекува лажни и тенденциозни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons