Македонските ракометарки го почнуваат настапот на Европското првенство
Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска го почнува настапот на Европското првенство кое се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Ова е прво Европско првенство на кое ќе настапат 24 репрезентации. Македонија игра во група во Дебрецин, Унгарија заедно со домашната селекција, Шведска и Турција. Пласман во следната фаза обезбедуваат двете првопласирани.
Македонија настапот го почнува вечерва од 20:30 часот. Играме против Шведска која е главен фаворит за првото место во нашата група.
Два дена подоцна играме со Турција која е аутсајдер во групата, а на 2. декември прогнозите се дека со Унгарија ќе се бориме за второто место кое води понатаму.
Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
28 ноември: Македонија – Шведска 20:30 часот
30 ноемвври: Македонија – Турција 20:30 часот
2 декември: Македонија – Унгарија 18:00 часот
Натпреварите од Европското првенство ќе бидат пренесувани на програмите на Арена.