Македонија

Кулуминација на кризата во ЈСП, попладне нема да има автобуси поради неплатени долгови за нафта

Кулуминира кризата во ЈСП. Попладневно јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта велат вработени во ЈСП „Скопје“. Проблемот произлегува од неплатени долгови кон добавувачот „Пуцко петрол“, кој престанал со испорака на гориво.

Во сообраќај ќе останат само автобусите што користат гас – вкупно 25 возила. Автобусите веќе почнале да се исклучуваат од линиите бидејќи и базите во Автокоманда и Ѓорче Петров немаат резерви на гориво.

„Во понеделникот имаше мала испорака на нафта, но долгот не е платен и повеќе не се носи гориво,“ велат од претпријатието.

Иако ситуацијата е повеќе од алармантна и трае со денови од Град Скопје засега нема никакво известувањето за тоа како ќе се справат со проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons