МакедонијаНајново

Владата одобри средства од унгарскиот кредит за 274 проекти во 77 општини 

Мкд.мк дознава дека на денешната седница на Владата се потврдија проектите на општините коишто ќе бидат финасисрани со средства од буџетот на државата во оваа година.

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата одлучи оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна приближна вредност од 4 милијарди и 27 милиони или потточно (4.026.636.382) денари.

Во ресорните министерства, фазата на евалуација не ја поминаа само 4 општини. Тоа се: Општина Теарце, Општина Струмица, Град Скопје и Општина Сарај.

Владата изрази благодарност на општините за максималната посветеност и ангажираност, што само ја докажува нивната способност и волја за инфраструктурен напредок, за што, во изминативе години немале можност поради ограничените финансиски средства.

Почнувајќи од оваа година и во наредните години, на општините им се отвара нова можност да ги реализираат приоритетните проекти, да ги подобрат основните услови за живеење за граѓаните, да можат општините да се развиваат побрзо и да се создаваат нови можности за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons