Грејната сезона почнува утре
Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење.
Додека некои училишта и градинки се веќе подготвени, осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда.Од ЕСМ информираат дека на барање на општината, испораката на топлинска енергија ќе биде одложена до почетокот на ноември за сите осум училишта кои ја користат нивната услуга.