Тензично е во ФФМ: Си замина еден од најважните луѓе во федерацијата во изминатите години!
На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, досегашниот спортски директор Дени Масев објави дека се повлекува од функцијата.
Масев се огласи со реакција во која ја образложува својата одлука. Неговото заминување е поради несогласувања со водечките луѓе и како што вели федерацијата во овој момент е приватизирана од страна на претседателот Муамед Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев.
„Жал ми што на ваков начин и во овој момент, пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за сè треба да има почеток и крај. Од денеска веќе нема да бидам во функција на македонската репрезентација. Причините се длабоки, но се сведуваат на мојот однос со претседателот Сејдини и потпретседателот Ракиџиев. Федерацијата се сведува на сè, но најмалку на интересот за некаков развој на македонскиот фудбал.
Јас како човек кој беше директен сведок и на најголемиот успех на репрезентацијата имам право да го кажам својот став. Жал ми е за тимот и фудбалерите, но едноставно понекогаш треба да се зборува отворено, па макар тоа да предизвика и негативна реакција. Тврдам дека веќе подолг период Федерацијата е буквално приватизирана. Интерсот е присутен само за првите двајца луѓе, претседателот Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Во Управниот одбор има чесни луѓе, но, за жал, не се запознаени со работите кои носат интерес само за Сејдини и Ракиџиев. За Сејдини и оваа Ќуќа на фудбалот, јас лично се заложив на секој можен начин.