Актуелно

МНР: Македонските граѓани да ги одложат патувањата во Израел, Иран и Либан

Македонците да не патуваат ви Израел, Иран и Либан. 

Синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив ги осуди и македонското Mинистерство за надворешни работи(МНР), од каде ги повикаа македонските граѓани да ги одложат патувањата во Израел, Иран и Либан, поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток. 

Македонските државјани кои во моментот се наоѓаат на територијата на овие држави, МНР ги повика да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум. Од МНР соопштуваат и дека амбасадата во Тел Авив веќе стапила во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на Македонија.

Експлозии беа регистрирани на десетици места ширум земјата, а илјадници израелци ноќта ја поминаа во засолништа. Израелскиот премиер Бејнамин Нетанјаху најави одмазда за нападот. Рече дека Иран направил грешка и за тоа ќе плати. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons