Актуелно

Бебе, 11 деца и неколку возрасни добиле лекарска помош по големиот пожар во Чаир

Поради вдишување на чад од пожарот во Чаир до 06:30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од Детската клиника лекарска помош добиле и деца.

На Детската клиника биле донесени 12 деца, најмалото на петмесечна, а најголемото на 11-годишна возраст. Сите имале симптоми на труење со чад. Само две деца се задржани, а останатите на барање на родителите биле пуштени дома.

Оттаму дополнуваат дека во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди.

„На 02.10.2024 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари.

„На лице место освен единици од пожарната кои го гасат пожарот, биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад“, стои во соопштението од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons