МакедонијаНајново

Граѓански суд: Нерешени се над 20 000 предмети

Значително помал број судии од законски предвидената рамка што резултира со зголемување на бројот на нерешени судски предмети и предмети кои останале во фиока од претходната година, утврдува Државниот завод за ревизија во својата анализа на работењето на Граѓанскиот суд Скопје. Според ревизорите, во 2022 година овој суд работел со 20 судии помалку, а веќе кон крајот на 2023 година оваа бројка се зголемува на минус 27 судии. Недостатокот на судии во одредена мерка се должи и на пензионирањето на судии чии места потоа останале непополнети.

Државен завод за ревизија:
На крајот на 2022 година Основен граѓански суд Скопје ја извршувал судската власт со 57 судии. Во 2023 во Основен граѓански суд Скопје, судската функција ја извршувале вкупно 55 судии. а. Во текот на 2023 година 5 судии заминале во пензија и со тоа останале 50 судии. Согласно вкупната број според законот, во овој суд треба да има 77 судии. 

Токму како резултат пак на недостигот на судии, извештајот на ревизорите нотира и зголемување на бројот на нерешени предмети од претходната година. Такво зголемување е евидентирано и во извештајот за работата на судскиот совет кој денеска треба да биде усвоен на пленарна седница во Собранието.

Извештај за работата на судскиот совет за 2023 година:
Основниот граѓански суд Скопје месец јануари 2023 година го започнал со нерешени 18.058 предмети, а годината ја завршил со вконо останати нерешени 20.066 предмети. Според наведените податоци Основниот граѓански суд Скопје не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 2.008 предмети.

Покрај се поголемиот број нерешени предмети и недостигот на судии, граѓанскиот суд Скопје, според ревизорите, се соочува и со недоволен број на вработени во судската полиција.

Државен завод за ревизија:
Во актот за систематизацијата на Основниот граѓански суд Скопје во делот на судската полиција предвидени се 15 работни места, а пополнети се само седум. 

Извештајот на ревизорите за 2023 година нотира и дека судската власт не го добива законски утврдениот процент од буџетот на државата, односно се издвојуваат само 0,3 проценти што е далеку под законски утврдениот лимит од 0,8 отсто од БДП. Ова значи дека одобрените средства се за 58 отсто помали од предвидените, што според ревизорите со тоа сериозно се ограничува работењето на судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons