Актуелно

Пожарот во Мариово никако да стивне, се заштитуваат селата и објектите 

Пожарот во Мариово не стивнува, туку е проширена огнената линија на преку 25 километри. На теренот се повеќе од 150 професионалци, чија најголема грижа е пламенот да не ги зафати селата и други објекти, изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.

-Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта. Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на АРМ и на полицијата и вложуваат надпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Гори и под репетиторите кај селото Штавица и за среќа, огнот слегува надолу, но за среќа не е опфатена боровата шума. Ветрот го смени правецот и пожарот се движи и кон селото Пештани. И таму имаме противпожарни екипи за да го заштитат селото. Пожар има и над манастирот кај Прилепец, на околу 1000 метри. Сите сили се насочени на локализирање на пожарот и на заштита на селата и објектите, рече Стерјоска Локвенец.

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица известува дека 90-тина професионалци се упатени кај манастирот Прилепец.

-Пожарот е активен и кај Крушевица и кај Бонче во високиот дел. Сега нашите пожарникари и другите професионалцци, 90-тина, се упатуваме кон манастирот Прилепец. Во моментов не се загрозени селата, се прават напори да се направи заштита околу селата. На помош е и дел од месното население, рече Стојчески.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons