Магазин

Хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница 

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е приведена вчера на српската граница.

Според информациите на српските медиуми, српската полиција спровела редовна постапка, како што е вообичаено за секој кој со своите спорни изјави или однесување го привлекува вниманието на државните органи. Таа била прашувана во врска со нејзините изјави за Јасеновац, за Сребреница за што има изјавено дека се случил геноцид и за протестите против литиумот за што напиша дека сака таква Србија.

Откако Северина имала разговор со надлежните органи, ѝ бил дозволен влез во Србија. Таа била упатена на роденденска забава на која требало да има настап, но била пуштена многу подоцна од закажаниот термин.

Пејачката решила самоиницијативно да се врати во Хрватска, од револт, како што наведуваат хрватските медиуми.

Северина помина без дополнителни последици, нејзиниот краток престој на граница дополнително ја разбранува јавноста.

Засега пејачката се вратила во Хрватска и нема дадено никаква изјава во врска со овој настан.

Српските медиуми наведуваат дека вакви контроли и задржувања се случуваат редовно на хрватската граница за српски државјани, а дополнително Хрватска во изминативе години им ги забранува сите настапи на своја територија на српските пејачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons