Од 1 септември учебници за сите ученици
124 основни и средни училишта имаат можност за воведување едносменска настава а се прават анализи за уште 50 тина со доградба на училници каде учениците би следеле настава осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано, туку напротив ќе добијат подучување, ќе ги завршат домашните задачи, а ќе имаат и дополнителни наставни активности.
Министерката Јаневска напомена дека од 1 септември ќе има хартиени печатени книги за сите ученици од страна на Бирото за образование и поедини автори.
Јаневска подвлече дека од 1 септември нема да биде затворено ниту едно училиште во руралните средини каде има мал број на ученици, но додаде дека се прават анализи за оние училишта кои се на два километра едно до друго децата да се приклучат кон своите другарчиња во централното училиште.