МагазинНајново

Стоје Арсовски, еден од пензионираните пилоти вратени да ги гаснат пожарите: „Научив да возам авион и да скокам со падобран без да знае татко ми“ 

Стоје Арсовски е еден од двајцата пензионирани пилоти што се вратени на работа поради недостиг на пилоти обучени да ги управуваат „ер тракторите“ и се вклучени да ги гаснат пожарите кои 20 дена се активни низ цела Македонија. 

Иако може мирно да ужива во слободното време и пензионерските денови да ги поминува со својата внука, Стоје повторно се вивна на небото за да ги спаси од пламените јазици македонските природни богатства, но и материјалните добра на граѓаните. 
Арсовски станал пилот уште пред да стане полнолетен, но за да си ја исполни желбата, морал да крие од татко му и да му го извежба потписот за да си „даде“ согласност да присуствува на обуките. 

– Кога имав 15 години, во училиште доаѓаа моделари од аероклубот во Скопје и јас така се зачленив. Две години потоа почнав да одам на курс за едриличари, па отидов на курс за падобранство. Се сеќавам дека ми требаше одобрение од родители бидејќи не бев полнолетен. Јас го извежбав потписот на татко ми и си потпишав согласност да одам на обука. Кога требаше да одам на обука за падобранци во Прилеп, му реков: „Сѐ е бесплатно таму, од училиште нѐ праќаат на одмор“. Татко ми рече да одам штом е бесплатно. Тој беше градежен работник, од каде да има пари да ми плати за одмор. Отидов на обука и почнав да скокам. Следната година пак си се потпишав оти немав 18 години и завршив едриличарска обука. Третата година почнав да летам со змеј во хелиоклубот и отидов на обука за авиони, но веќе имав 18 години. Тоа траеше повеќе месеци и не можев да кријам од дома. Ме немаше една недела и му се јавив на татко ми и му реков: „Јас сум во хотел Кристал во Куманово, нѐ обучуваат за пилоти“. Тој ми одговори: „Враќај се да лепиме плочки“, но јас му кажав да дојде и да се увери. Дојде и виде дека летаме и рече да завршам со тоа, па ќе видиме – раскажува Стоје Арсовски за своите пилотски почетоци.

Целиот текст на fakulteti.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons