Спорт

Ѓоковиќ и Алкараз и годинава во финалето на Вимблдон 

Вториот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, и третопласираниот на светската АТП листа, Шпанец Карлос Алкараз, втора година по ред ќе играат во финалето на Вимблдон, известува Анадолу.

Во петокот, во првото полуфинале, Алкараз го победи Русинот Данило Медведев (5. на АТП листата) со 3:1 во сетови (6:7, 6:3, 6:4 и 6:4).

Потоа Ѓоковиќ го совлада Италијанецот Лоренцо Музети (25.) со 3:0 во сетови (6:4, 7:6 и 6:4).

За 21-годишниот Алкараз ова е четврто финале на Грен слем турнирите, успевајќи да победи во сите претходни – УС Опен во 2022 година, Вимблдон во 2023 година и Ролан Гарос оваа година.

За 37-годишниот Ѓоковиќ настапот во неделното финале ќе биде десетти меч за трофејот на Вимблдон, кој досега го освои седум пати.

Неделното финале кое почнува во 15 часот ќе биде шестиот дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, од кои српскиот тенисер успеа да победи на 3, а Алкараз победи на 2 меча.

Ова ќе биде уште една можност за Ѓоковиќ да го достигне апсолутниот рекорд од 25 индивидуални Грен слем титули. Ѓоковиќ има биланс од 24 победи и 12 порази во финалињата на Грен слем турнирите. Неговиот последен пораз го претрпе токму од Алкараз во минатогодишното финале на Вимблдон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons