Одредени 29 апанажи за поранешни пратеници
Новоформираната собраниска Комисијата за избори и именувања на денешната седница одобри 29 апанажи за пратеници од минатиот парламентарен состав.
Безмалку сите ќе траат една година. За овој период доскорешните народни избраници ќе ја добиваат истата пратеничка плата додека не се снајдат што понатаму ќе работат.
Најголемиот дел се од сега опозициската СДСМ, па од ДУИ, но и од експратеници кои делувале како независни.
Барање за апанажа им е одобрено и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги напуштија собраниските клупи.
faktor.mk