„Беломорски Видувања”, средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија
Во Скопје денеска се одржуваат третите по ред „Беломорски Видувања”, најмасовна средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Како што соопштија организаторите на средбата, на настанот најавено е присуство над 500 гости, меѓу кои и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преставнци на црквата,министри, градоначалници, претседателот на МАНУ, историчари, општественици.