И во април во ИЕ 3 останува речиси двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ
Останува големата предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во третата изборна еденица и во месец април. Според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ, во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ име речиси двојна предност пред владеачката СДСМ, односно опозициската партија има доверба од 34,2%, а Социјалдемократскиот сојуз има доверба од 17,8% од испитаниците.
По нив следат Левица со 4,7% и движењето ЗНАМ со 4,5% поддршка од анкетираните.