Актуелно

Партиите до полноќ треба да ги достават пратеничките листи до ДИК 

Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.

Рокот за доставување на листите истекува вечерва на полноќ, право да кандидираат пратеници имаат сите регистрирани политички партии. ДИК ќе треба да ги потврди листите за два дена, а кампањата за парламентарните избори почбнува официјално на 18 април.

Во меѓувреме партиите сепак, со промоција на нивните изборните пргорами. Освен парична помош од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец, Колаицијата на СДСМ ветува и бесплатни еккурзии.

„За петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија. Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство. За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“, ветуваат од СДСМ.

Одколицијата на  ВМРО-ДПМНЕ пак, ветуваат 50 милиони евра за спортот.

 „Спортскиот комплекс во Скопје кој ќе го носи името Национален спортско комплекс “Методија Андонов Ченто” ќе има фудбалски стадион, спортска сала, неколку помали сали, конференциски сали, фитнес сали, спортска медицина и спортски музеј, како и простор за спортските федерации. Спортскиот комплекс во Битола ќе опфаќа повеќе објекти од спортската инфраструктура кои и недостасуваат на Битола и регионот“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од колициската Социјалистичка партија пак, велат дека во Платформата 1198 има јасни докази и потврди за Европската ориентација на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Согласно, вчерашните измени на Изборниот зкаоник, партиите кои ќе учествуваат на парламентарните избори, но кои поддржа и претседателски кандидати имаат право да носат истиот број на гласачкото ливче и за двата вида на избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons