Уште два дена за увид во избирачки список, апел од ДИК граѓаните да се проверат
Граѓаните имаат уште два дена да извршат увид во избирачкиот список. Од Државната изборна комисија апелираат граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.
Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.