Актуелно

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни Ковид случаи во државава 

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи во државава. Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје, активни се 1.351 случај од кои најголем број – 715 се во Скопје.

При направени 2.669 тестови, регистрирани се 149 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 223 оздравени пациенти.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, а на починати е 9.244.

Препораките на Комисијата за заразни болести за укинување на задолжителното носење на маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, на епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, како и укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, се очекува деновиве да бидат разгледани од Главниот координативен кризен штаб, а откако ќе бидат усвоени од сите членови ќе бидат ставени на седница на Владата.

Сепак новите препораки и очекуваните следни мерки на олеснување од рестрикциите, како што истакнуваат надлежните, не значат дека пандемијата е завршена и се очекува да се организира поинтензивна кампања за вакцинација против Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons