МакедонијаНајново

Мухамед Зеќири осомничен за злоупотреби во Владата, побаран притвор 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. А1он дознава дека се работи за генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Според наводите на порталот, Зекири го оштетил буџетот за неверојатни 800 илјади евра, а за случајот е побаран притвор!

Извор: А1 ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons