Актуелно

ЗНМ и ССНМ утре на новинарски протест: Судот нема право да одредува кој смее да работи како новинар 

Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“ е мотото под кое утре во 11 часот пред Граѓанскиот суд Скопје ќе се одржи новинарски протест во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Протестот е организиран непосредно по објавувањето на пресудата за случајот „Феронвест против ИРЛ“ кој се однесува на тужбата за навреда и клевета против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната и одговорна уредничка Сашка Цветковска, поднесена од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Во пресудата се спори статусот на новинарите во ИРЛ и се тврди дека ИРЛ не е медиум, односно не е здружение за „новинарски известувања“, дека нема ниту својство на медиум, како средство за јавно информирање според Законот за медиуми, a неговите членови немаат својство на новинари, ниту можат, заради известување на јавноста, да прават новинарски обликувани емисии, да се претставуваат како новинари или да се занимаваат со жанрот истражувачко новинарство и сето тоа да го објавуваат преку средствата за јавно информирање.

Според пресудата, ИРЛ и Цветковска се одговорни за клевета со изнесување невистинити факти во првата епизода од истражувањето „Заговор против воздухот“ емитувана на 16 мај 2021 година на МРТ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons