Испукан предупредувачки куршум: Сакал да бега од полицијата, но не успеал – еве што се случило
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.11.2023 во Велес од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода М.М.(29) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Околу 00:15 часот на ул. „Вардарска“ во Велес полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „пасат“ со велешки регистерски ознаки, а М.М. , кој седел на совозачкото место, се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници, при што бил испукан и еден предупредувачки куршум во воздух.
Исто така, во ПС Велес извршен е службен разговор и со А.Н. (36) од Велес, кој го управувал возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.